ИЗЈАВА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: ЗОШТО МОЛЧИ ПОЛИЦИЈАТА И ЈО ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГРОМ?

Граѓаните на Република Македонија треба да знаат дека напаѓачите кои се појавија вечерта на изборниот ден  пред штабот на Граѓанската опција за Македонија, сеуште не се повикани ниту на разговор. Се работи за чисто како солза, кривично дело по член 383 став 1 и став 3. Не ни е јасно, зошто ова Обвинителство истата вечер и одговорило на полицијата дека нема кривично дело, туку се работи за прекршочно, кога сторителите извадија нож (скакавец), и ги нападнаа граѓаните. Можете тоа да го воочите на видеото, кога гаѓаа по нив  и им се закануваа со убиство, ги заплашуваа, ги навредуваа.

Сакаме само ова да запрашаме, ваква ли правна држава ќе воспоставиме во Република Македонија? За тоа ли требаше да го промените претходниот јавен обвинител? Со претходниот јавен обвинител, само сакам да ве потсетам дека напаѓачот на Саша Богдановиќ веднаш беше притворен и ставен зад решетки. Исто така сакам да спомнам дека Граѓанската опција за Македонија беше првата партија што ги осуди 27-мо априлските настани и бараше да има одговорност за прекршителите на законот. И да ги потсетам тие што го применуваат правото во Република Македонија, дека 73 годишниот старец кој што ја потегна Шеќеринска за коса е осуден и при признато кривично дело, на четири години затвор. Денеска за овие сторители, ние сеуште немаме ни полициски разговор, ниту било каков записник.

Ја повикувам новата обвинителка, да го примени законот и да обезбеди правна сигурност на граѓаните на Република Македонија. Почитувани господа од Социјалдемократскиот сојуз, за ова ли баравте власт во Република Македонија? За да не колете по улиците, да не напаѓате, за да не навредувате?

Сакаме јасно да му кажеме на Обвинителството и на Социјалдемократскиот сојуз и на криминалците коишто се заедно со нив, ние нема да се откажеме. Ние инсистираме на правна завршница на овој случај. Недозволиво е, оние кои што ги трујат нашите деца, оние кои што дистрибуираат дрога, кои што се повратници од затворите, да не напаѓаат и да ни се закануваат со убиство.

Ние и натаму ќе инсистираме и ќе ги запознаеме сите меѓународни институции со ова што се случува денеска во Република Македонија. За ова ли баравте власт? Нели ја баравте довербата од граѓаните за да биде подобро во Република Македонија, тогаш најмногу го напаѓавте токму правосудниот систем . Ова ли е правосудниот систем кој им е потребен на граѓаните на Република Македонија?

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin