ЈАКИМОВСКИ: ЗОШТО МОЛЧАТ ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СДСМ?

16.10.2017 година

Во централното партиско седиште, лидерот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски одржа конференција за печат. Како што истакна Јакимовски, во 21:30 часот, вчера вечер на преброени 48 % од гласачките ливчиња, му ја честитал победата на својот противкандидат  Стефан Богоев. Јакимовски исто така напомена дека во 2013 година, кога го победил социјалдемократскиот сојуз на Македонија, не само што не му ја честитале победата, туку се заканувале на неговите синови, му оставале венец со свеќа, пробале да му го отрујат кучето.

-Вчера пратија криминалци од подземјето, кои извадија нож и пробаа да нападнат активисти на ГРОМ. Нашите активисти беа смирени и сталожени, и за среќа се избегна поголем инцидент. Тука имаше пред се , голем број на госпоѓи и госпоѓици, кои се вознемирија премногу, прецизи Јакимовски.

Лидерот Јакимовски дополни дека според Кривичниот законик на РМ според член 376 овој напад извршен од повеќе лица се квалификува како кривично дело, со казна затвор, додека синоќа полицијата овој настан го оквалификувала како прекршочно дело и запраша: Вака ли дојде „ живот во Македонија“.

-Овој настан нема да не заплаши, напротив ќе не охрабри јавно да ја говориме вистината. Го повикувам јавното обвинителство да го отвори овој случај и согласно позитивните правни норми во Републиката да реагира. Нели истите тие кои се бореа за независно судство и професионално обвинителство, денеска се на власт?, дециден беше Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, истакна дека ја почитува изборната волја на граѓаните на Карпош, на вчерашните локални избори, и нагласи дека времето ќе покаже кој бил исправен, кој испорачувал резултати, и кој работел за интересите на граѓаните на Општина Карпош.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin