КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТ НА KAНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАРПОШ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

15.10.2017 година

Денеска, во ООУ „Димо Хаџи Димов“, во населбата Влае, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски го оствари своето право на глас. Јакимовски ги повика граѓаните на Карпош масовно да излезат да гласаат по својата слободна волја.

– Во Општина Карпош, граѓаните секогаш гласале фер, достоинствено, слободно и демократски. Убеден сум дека и овој пат ќе биде така, и ги повикувам да гласаат за оној кандидат за кој сметаат дека го заслужува нивниот глас, и да го остварат своето демократско право на избор, истакна Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin