БУГАРСКИ ВОЗ ВО КАРПОШ

15.10.2017 година

Денешниот изборен ден во Општина Карпош почна бурно и со неправилности. Околу 10:30 часот на изборното место број 2645 забележан е обид на таканаречен бугарски воз каде што набљудувачите веднаш реагирале, и истото место е затворено. На избирачкото место 2618 околу 11 часот е забележано дека веќе недостасуваат два избирачки листа, каде исто така гласањето е во прекин.

Покрај тоа, на неколку места е забележано дека се кинат листови заедно со кочанот за да недостасува бројот од гласачкиот лист и кочанот.

Граѓанската Опција За Македонија – ГРОМ го повикува СДСМ да не се бламира со вакви испади и нерегуларности, бидејќи Карпош од секогаш бил пример за фер и демократски избори. Со вакви изборни активности СДСМ прави повеќекратна штета на меѓународниот углед на државата. Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да издаде налог за апсење на актерите за направените тешки прекршоци на Изборниот законик.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin