Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: НОВИ КАТНИ ГАРАЖИ ВО НАСЕЛБАТА ВЛАЕ 2

09.10.2017 година

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и претседател на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, на денешната прес конференција најави изградба на паркинг платформа во населбата Влае 2, односно на паркингот пред комплексот „Порта Влае“. Како што нагласи Јакимовски, граѓаните кои живеат во овој дел на општината, особено во Порта Влае и околните домови имаат голем проблем со паркирањето на своите возила.

-Со тоа ќе го решиме овој проблем, и кафетериите, дуќанџиите, рестораните ќе можат подобро да функционираат, бидејќи голем број на карпошани, особено млади доаѓаат  токму тука во Порта Влае, нагласи Јакимовски.

Кандидатот за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, исто така најави и изградба на катна гаража покрај улицата „ Васил Чакаларов“, со што ќе се реши проблемот со паркирањето на автомобилите.

-Оваа катна гаража ќе има едно подземено ниво, и три надземни катови, со капацитет за паркирање на околу 150 возила. Со тоа значително ќе придонесеме за решавање на проблемот со паркирање на граѓаните кои живеат во тој дел на локалната самоуправа, појасни Јакимовски.

Јакимовски потенцираше дека со изградба на катната гаража и паркинг-платформата во населбата Влае 2 , целосно ќе се реши проблемот со паркирање на автомобилите на граѓаните кои живеат во оваа урбана заедница.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin