Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КАРПОШ ВЕТИЈА ФЕР ИЗБОРИ

24.09.2017 година

Во просториите на основното училиште „Јан Амос Коменски“ денеска, кандидатите за градоначалници на Општина Карпош потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Врз основа на член 8-в од Изборниот законик на Република Македонија, учесниците во изборите за градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје закажани за 15 октомври 2017 година, се обврзаа на фер и демократски изборен натпревар.
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, и воедно претседател на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски го потпиша овој кодекс и истакна дека од 2000 година па наваму, во Општина Карпош секогаш се гласало фер и демократски.

-Граѓаните на Општина Карпош секогаш гласале слободно, согласно нивната изборна воља. Во Општина Карпош никогаш не се забележани изборни притисоци, поткуп, групно гласање или друг вид на нерегуларности, кои се својствени за одредени општини низ годините на изборите, без разлика дали се парламентарни, претседателски или пак локални. Јас како градоначалник сум победувал, врз база на мојата програма со која се претставувам пред карпошани, и секогаш сум водел позитивна кампања, со која сум нудел решенија за проблемите кои граѓаните на Карпош ги имале.

Претседателот Јакимовски како кандидат на ГРОМ истакна дека тој и неговата матична партија ќе ги почитуваат изборните правила за фер изборна кампања , и се надева дека и неговиот противкандидат со неговата партија, исто така ќе ги почитуваат и ќе се однесуваат во духот на демократските правила и принципи.  

                             

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin