Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

СРЕДБА НА ОБСЕ СО ЛИДЕРОТ НА ГРОМ -ЈАКИМОВСКИ

20.09.2017 година

Денес, претставник на мисијата на ОБСЕ – ОДИХР  во Македонија оствари официјална средба со претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски.

На средбата со политичкиот аналитичар на ОБСЕ-ОДИХР Риши Дата, претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Јакимовски, разговараше за прашања кои се однесуваат на претстојните Локални избори 2017.

Притоа стана збор за демократскиот амбиент во кој ќе се спроведат изборите, Изборниот законик, улогата на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии, како и околу тоа, дали и каде би можело да се јават „тесни грла“ за време на претстојните локални избори.

Првиот човек на ГРОМ изрази верување дека изборите ќе поминат во фер и демократски амбиент, дека избирачкиот список главно е прочистен по неколкукратни вкстувања на податоците од претходните избори. Клучните забалешки на лидерот Јакимовски беа околу неотпорностите во Изборниот законик и некои практики со кои во пракса се случува фаворизирање на големите партии на сметка на малите политички партии.

Малите партии немаат свој претставник во ДИК, но исто така, големите партии се фаворизираат и во севкупната застапеност во јавноста, како на пример во телевизиските презентации, билборди и слично. Сепак, Јакимовски изрази позитивни очекувања во врска со изборите кои ќе се одржат на 15 октомври годинава.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin