Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Кита Царовска!

23.08.2017 година

Некаде од кај 1 февруари па наваму, седесињата беа во надеж дека ќе формираат влада. Се надеваа, ама како да не им се веруваше. По настаните од 27 април, и ситуацијата која се сврте во нивна полза, очигледно тие беа затечени и паднаа во некој чуден шок. За жал, шокот им е надграден и проширан, а богами и продолжен или медицински кажано „ Shock prolongata“!Им трае ли им трае, и така им ги изеде првите 100 дена.

Радувајќи и се на власта и тепајќи се со коалиционите партнери кој што да дрпне од пленот, заборавија дека водат држава. Заборавија дека им дојде време за локални избори. Ги распишаа локалните избори, па потоа co смена на директори,со антидатирање, па со менување на Зврлевски во веќа распишани избори, спротивно на Закон.

Па сега се поставува прашањето: Кој Цацко ги тераше да ги распишуваат изборите кога ниту се кадарни, ниту се спремни? Наместо на 6-ти, можеа да ги распишат на 20 август и сите работи да си ги завршат согласно законските прописи, а притоа без  да влетаат во временски „цајт-нот“. Па нели требаше прво да профунционира правната држава? Вака ли Мали Ѓокица замислуваше правна држава?

Еклатантен пример за тоа дека се „муви без глави во Влада“ е министерката Мила Царовска. Во распишани избори таа предлага,  од 1-ви септември, градинките да работеле во две смени. Демек  и таа да била „ин“, и нешто од нејзе да приложи во кампањата. А зошто тоа не го направи во јуни или во јули? Затоа што и таа и тие се изгубени во магла.

Децата што ќе одат во втора смена не може само да ја добиваат згрижувачката компонента, туку мора и воспитната. Негователската е да го згрижи детето, да го  нахрани, да го облече,да го соблече, да го преповитка, да го легне да спие. Воспитувачката пак, е таа која што со децата работи врз основа на воспоставени воспитно-образовни програми. Тоа значи за попладневната смена, исто така, треба и негувателка и воспитувачка. Доколку притоа има и деца за во јасли, за нив пак, треба посебна негувателка. Овие деца треба да се нахранат, односно некој треба да им ја подготви храната. Таа мора да биде свежо приготвена, а не подготувана од утрото за првата смена и „чувана во фрижидер“, па подгревана.

Значи потребен е и готвач. За хигиената мора да се грижи чистачка. Значи, треба да има најмалку 4 до 6 нововработени по објект-градинка. Парното греење, вообичаено е од 5 часот наутро до 17 часот. Во оваа ситуација тоа треба да работи до 12 часот на полноќ. Овие седум часа дополнително греење како и трошокот за електрична енергија некој треба да го плати. Кој?

Да појаснам, платите на вработените во предучилишните установи , исхраната, тековните и инвестиционите трошоци ги исплатува Владата преку блок трансакции до локалната самоуправа. А локалната власт се грижи само за поставување на менаџментот и за функционирањето на објектите. Значи комплетниот трошок за детска заштита го плаќа Министерството за труд и социјална политика. Имајќи во предвид дека министерката за труд и социјална политика Царовска не обезбеди дополнителни средства за овие трошоци преку ребалансот на Буџетот, како и средства за плати за дополнителните вработени, ниту пак воопшто е отпочната процедура за нивно вработување, во старт мисијата е imposible (невозможна)!

Вработувањата се можни само до моментот на распишување на локалните избори.По распишување на изборите, кривично дело е да се вработуваат лица, ако за тоа нема инцидентна итност. Во конкретниот случај нема итност, затоа што Царовска знаела за двосменската работа на градинките уште кога ја пишувала партиската изборна програма.

Кога го гледам сето ова, ми навира старата македонска песна : „Каде си тргнала Кито боса на вода, каде си тргнала Кито боса на вода… Кито лееее…“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin