Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Изјава на Јакимовски: САД И РУСИЈА ГИ РАСЕЛИЈА, ОНИ НЕКА ГИ ПРИМАТ БЕГАЛЦИТЕ

24.08.2017 година

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањето од поединци за изјавата за непримањето на мигрантите на територијата наРепублика Македонија, а воедно и во Општната Карпош – локална самоуправа предводена токму од него, претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, децидно рече:
-Приемот на бегалците треба да го направат државите кои ги бомбардираа блискиот Исток и предизвикаа војни, расселување на тие граѓани пред се во Сирија и Ирак, и нивно масовно доселување на европскиот континент.

– Јас категорично сум против населувањето на мигранти на територијата на Општина Карпош, како и на било кое место во Република Македонија. Граѓаните кои денес се бегалци низ цела Европа, живееа мирно и достоинствено во своите држави. Денес, нека ги примат тие кои ги бомбардираа, односно нека ги примат Соединетите Американски Држави и Русија. Ние како држава сме многу мали, немаме никаков капацитет за прием на бегалци, ниту за изградба на бегалски кампови, ниту пак имаме никаква морална вина за уништувањето на државите од каде доаѓаат бегалците, нагласи претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ, напомена дека по воспоставените правила во меѓународниот свет, со договорот за реадмисија, бегалците можат да бидат вратени од Германија во Австрија, па преку Словенија и Хрватска, преку Србија, да бидат донесени во Република Македонија.

Тоа значи дека ние понатаму треба да ги вратиме во Грција, во земјата од која дошле на наша територија. Ние, со нашиот сосед Република Грција немаме потпишано билатерален договор за реадмисија, што значи во таков случај илјадници бегалци ќе бидат „ заглавени“ на нашата територија, прецизираше Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin