Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Интегрален текст од прес-конференција

14.08.2017 година

Денеска, Република Македонија слави црн јубилеј: 75 дена од владеењето на најненародната Влада на Македонија во поновата историја. Ниту една влада досега не и направила толку зло на државата како што успеа оваа. СДСМ на чело со Зоран Заев за само 2,5 месеци успеа да ги исфрли од употреба зборовите „македонски народ“.

За нив тој како да не постои!?

За жал,  овие луѓе, од нас македонците за само 75 дена направија најпонижен народ. СДСМ, Заев и нивната петта колона го толчат македонскиот народ со закани. Со меѓународни договори, и , како да им е малку контроверзниот договор со бугарија и законите коишто ги носат против нас Македонците, за да не докусурат сега ни носат и стратегија за бегалците.

Со оваа стратегија, покрај тоа што на бегалците ќе им дадат станови, ќе ги образуваат и вработуваат со наши пари, туку и бројчано ќе не анулираат. Покрај сето ова тие на бегалците ќе им дадат право на глас, а истиот тој социјалдемократски сојуз беше против да да гласаат Македонците од дијаспората.

Ние од ГРОМ, пред две години и сега сме во право:

Кога ви велевме дека се прави обид да се воспостави марионетска влада во Република Македонија- се воспостави! Тие што се бореа против наводниот режим, сега сакаме јавно да ги прашаме:

Дали е ова она за што тие се бореа, она што сега им го прави СДСМ?!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin