Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Форумот на жени на ГРОМ -Ѓорче Петров со трибина за земјотреси

18.05.2017 година

Форумот на жени на ГРОМ – Ѓорче Петров реализираше трибина на тема „Земјотреси, што во нивен случај и асеизмички градби”. Презентер на оваа актуелна тема беше Лиле Николоска, претседател на Форумот на жени на ГРОМ – Ѓорче Петров. Трибината привлече огромен интерес кај присутните, се разви богата дискусија за тоа што се земјотреси, нивните елементи и каде се случуваат во светот.

Главен акцент беше ставен на земјотресите во Скопскиот регион, причината за нивно појавување и како да се однесуваме во нивен случај. Се дискутираше и за асеизмичките градби како најсигурна заштита од нив.

Благодарност до сите што присуствуваа, а посебно до Генералниот секретар на ФОЖ ГРОМ Славица Новачевска, Организациониот секретар Валентин Додевска и на Претседателката на ФОЖ ГРОМ Карпош Христина Борисовска.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin