Формиран Форум на жени на ГРОМ во Неготино

На 31 март беше формиран Форумот на жени на ГРОМ – Неготино. За претседател беше избрана Христина Трајковска Ангеловиќ, за потпретседател Добрилка Петкова и за секретар Милица Ѓелова. На изборниот состанок присуствуваа Добрила Андоновска претседател на Форумот на жени на ГРОМ, генералниот секретар Славица Новачевска, Божана Минова потпретседател на Форумот на жени на ГРОМ и Валентина Додевска организационен секретар.

Свој придонес на работниот состанок дадоа Никица Житарова Толова претседател на ОО на ГРОМ – Неготино, Горан Гочевски претседател на ОО на ГРОМ – Илинден и Емилија Наумова претседател на Форум на жени на ГРОМ – Кавадарци. Од особено значење за сите присутни на изборниот состанок на Форумот на жени на ГРОМ – Неготино беше присуството и дискусијата на г-дин. Панчо Минов пратеник на ГРОМ во Парламентот на Република Македонија и организационен секретар на Граѓанската опција за Македонија.

Се разгледуваа можностите за понатамошна работа и ширење на влијанието на форумот во Неготино и околината, а со особено внимание се разговараше за решавањето на секојдневните проблеми на неготинчанки.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin