Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

СОБРАНИЕ НА ГРОМ: „Македонија е куќа за сите“

19.02.2017 година

,,Гром е, и понатаму ќе биде клучен фактор на политичката сцена во Република Македонија“. Ова денес го истакна претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, на второто Собрание на партијата. Во својот говор, првиот човек на ГРОМ , направи сублимат на изминатите три и пол години, постоење на Граѓанската опција на политичката сцена во Република Македонија. Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, истакна дека во крајна поларизираност на политичкиот терен, Граѓанската опција за Македонија успеала да си го трасира својот сопствен политички пат, и да се етаблира како значаен чинител на македонскиот политички простор.

– Во овие две и пол години, во кои се соочуваме со најголемата криза од кога постои независна Република Македонија, ГРОМ секогаш беше на страната на правдата, вистината, унитарноста и стабилноста на државата. ГРОМ секогаш без калкулации, укажуваше на штетните политики кои ги носеа главните политички лидери, и ако се сеќавате, ГРОМ е единствената партија во Македонија, која не го признава т.н ,, Пржински договор“, нарекувајќи го ,, Големата пржинска измама“, дециден беше Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, напомена дека лидерите не смеат да преговараат со највисоките државни и национални интереси на Македонија и на нејзините граѓани притоа напоменувајќи дека Уставот е светост, и дека за евентуални уставни промени, ќе треба да се организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат, како носители на суверенитетот.

-Постојано укажувавме дека Специјалното јавно обвинителство, е туѓо тело во нашиот правен систен и дека создава паралелизам во институциите на системот. Се залагавме нашето Јавно обвинителство да работи чесно, професионално и согласно позитивните законски прописи, и да ги суди сите кои се огрешиле пред законот, било да се од редовите на власта, или се од опозицијата, напомена Јакимовски.

Претседателот  Јакимовски , нагласи дека ГРОМ денес е парламентарна партија, која за краток период станала еден од најбитните политички чинители, и значајно придонесува со својот удел во македонскиот политички живот.

-Денес, нашите два пратеници се клучни во распоредот на парламентарните сили, и ние сме особено горди на тоа, потенцираше Јакимовски.

Свое обраќање пред присутните делегати, симпатизери и членови на ГРОМ имаа претседателката на Форумот на Жени на ГРОМ Добрила Андоновска,   потпретседателот и претседателскиот кандидат на ГРОМ од изборите 2014 проф. Зоран Поповски, и пратеникот  и организационен секретар на ГРОМ Панчо Минов, кои се осврнаа на изминатите политики на ГРОМ, како и на претстојниот период кој следува.

На ова Собрание, освен извештајот помеѓу двете собранија кој го презентираше генералниот секретар на ГРОМ  Виктор Цветковски, се избра и нов Централен одбор на ГРОМ, и повторно едногласно со акламација, втор мандат да ја води Граѓанската опција за Македонија, му беше одново доверен на актуелниот претседател Стевчо Јакимовски.                     

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin