СО ЧАША ВИНО И ЧЕСТИТКА ФОМ ГРОМ ГИ ОДБЕЛEЖА СВ. ТРИФУН И СВ. ВАЛЕНТАЈН
Форумот на Млади на Граѓанската опција за Македонија, традиционално, на платото во Т.Ц. „Лептокарија“ го одбележа Денот на Виното и Денот на љубовта. Младите громовци, на граѓаните им го честитаа денешниот двоен празник, подарувајќи им чаша вино и честитка во вид на срце. ФОМ ГРОМ по повод православиот празник „Св. Трифун“ им го честита празникот на лозарите, со желба за бериќетна и успешна година, и на сите кои го празнуваат „Св.Валентајн“ денес, им посакува преку целата година да бидат заљубени.