Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Добрила Андоновска – Прва претседателка на Форумот на жени на ГРОМ

15.01.2017 година

Во  хотелот ,, Александар Палас“, денеска се одржа основачкото собрание на Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија. Седумстотини триесет и осум делегати едногласно ја избраа  доктор Добрила Андоновска за прва претседателка на ФОЖ ГРОМ.  Во работниот дел на  Собранието, по предлог на кандидационата комисија беа избрани членови на  Централен одбор на ФОЖ ГРОМ, како и на Надзорниот одбор. Форумот на жени, со ова основачко собрание ќе се конституира  целосно со партиска структура,  и ќе претставува еден од столбовите на Граѓанската опција за Македонија. Пред присутните делегати, официјални гости- претставници од Унијата на Жени на ВМРО – ДПМНЕ, како и пред  Извршниот одбор на ГРОМ се обрати првата претседателка на Форумот на жени на  ГРОМ Добрила Андоновска, која изрази голема благодарност до сите жени активистки и членки на ГРОМ за нивната неуморна работа во изминативе три и пол години, со која жените се етаблираа како битен фактор во политичката партија.

  • Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Граѓанската опција за Македонија, г-динот Стевчо Јакимовски, кој безрезервно ни ја даваше поддршката на нам жените во изминатиов период, на сите мои пријателки и сопартијки, и ве уверувам дека и понатаму со исти елан, енергија, посветеност и  беспоштедност ќе работиме да ја етаблираме нашата политичка партија на политичката сцена во Република Македонија, нагласи  Андоновска.

Новоизбраната претседателка Добрила Андоновска, исто така потенцираше дека и покрај тоа што многумина политиката ја гледаат и доживуваат како ,, машка “ професија, ангажманот и посветеноста на  громовските жени ја демантирале оваа парадигма.Таа во својот говор ги нагласи сите активности на жените на ГРОМ од сите општински форуми низ Македонија во хуманитарната, политичката и севкупната општествена сфера со што го направија ГРОМ повидлив на политичката сцена во државата, јасно следејќи ја и спроведувајќи ја политиката на своето партиско раководство.

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, срдечно и го честиташе изборот на Добрила Андоновска за прва претседателка на Форумот на жени и нагласи дека со нејзината посветеност, партиски ангажман и пожртвуваност за партиските успеси , Андоновска е дефинитивно вистинскиот избор за оваа партиска функција.

  • Ви честитам, за одличниот избор, и сум убеден дека нашата Добрила Андоновска, ќе ја оправда оваа нова улога. Јас не се сомневам во нејзините квалитети, напротив, многупати со својот придонес , со својата неуморна и енергична работа, покажала и докажала како се сака и се вложува во една политичка партија, потенцираше Јакимовски.

Првиот човек на ГРОМ, во својот говор , го забележа и учеството на Роза Луксембург, Маргарет Тачер, Јованка Орлеанка , Мајка Тереза и многу други жени кои оставиле траен историски печат во општествено- политичкото делување и ја смениле перцецијата на жените. Тој го нагласи несебичниот ангажман на жените членки на ГРОМ во ширењето на мисијата и визијата на оваа партија за попросперитетна и унитарна Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin