ПРЕС -КОНФЕРЕНЦИЈА: ЗАЕВ изврши велепредавство

dsc_034618.11.2016 година

Изјавата на лидерот на опозицијата Зоран Заев,завчера вечер во Швајцарија дека ,,не може сите да бидат толку лоши околу нас, а ние да сме најдобрите, и ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“, беше причина денеска претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски да одржи прес конференција. Во своето обраќање пред медиумите, Јакимовски напомена дека ниту еден политичар од 1945 година наваму, не изнел поопасна теза за македонскиот народ, јазик и култура.

– Обидувајќи се да го снесе кукавичкото јајце во Швајцарија и мислејќи дека таму ќе се сокрие од својот народ, Зоран Заев изврши историски невидено велепредавство, велејќи дека ние Македонците сме најголемиот проблем на Балканот, теза која не ја кажале ниту најтврдокорните балкански националисти, напомена лидерот Јакимовски.

dsc_0354– За да бидеме најдобрите, продолжи претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, очигледно според Заев, кога ќе збори пред оние кои ни го оспоруваат јазикот ќе рече: да, јазикот не е македонски. Кога ќе отиде во Белград, на српските владици најверојатно ќе им каже дека ние немаме Македонска православна црква, туку дека сме под јурисдикција на СПЦ. На грчките националисти ќе им каже: нема македонска нација?!, запраша Јакимовски,

– Господине Заев добивте голем аплауз во Берн, но тој не значеше поддршка, туку : ,, Браво,алал нека ти е“. Со ова Зоран Заев дефинитивно се откажа од Македонците. За него изборите нема да завршат на 11 декември, туку завршија завчера во Берн, Швајцарија. Самиот си пресуди и на себе, и на опозицијата. На крајот би сакал да ги прашам членовите и симпатизерите на СДСМ, кој е сега предавникот: јас, Стевчо Јакимовски, или вашиот претседател Зоран Заев?! , го заврши своето излагање лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

           

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin