Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: СДСМ ДЕЊЕ ДЕМОКРАТИ-НОЌЕ ДИВА ОРДА

press1Повод за денешната прес конференција, која претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски ја одржа во централното партиско седиште, е постојаниот атак врз претседателот на ГРОМ- Струмица Сашо Милковски. Како што истакна лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, претседателот на општинската организација на ГРОМ во Струмица Милковски е изложен на постојани закани кои доаѓаат од членови на СДСМ преку социјалните мрежи, јавно или во лични пораки, како и на закани за  неговата личната безбедност преку негови пријатели.

  • Повеќепати се случуваше на неговиот автомобил да му се дупат гуми, да биде оштетуван, но завчерашното палење на неговиот автомобил во раните ноќни часови, поточно во два часот по полноќ, ја прели чашата на трпението. Знаеме дека ваквите кукавички дејствија се иманентни за СДСМ. Очигледно, тие преку ден леат крокодилски солзи за граѓанските права и слободи, за угнетеност од т.н ,, режим“, а ноќе се претвораат во диви орди, нагласи првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Во своето обраќање до јавноста, лидерот Јакимовски истакна дека зачудува фактот што СДСМ излезе со соопштение во кое се изјавува дека претседателот на ГРОМ – Струмица Сашо Милковски сам си го запалил автомобилот за да привлече медиумско внимание. За каква политичка култура станува збор? За каква опозиција? Вака ли ќе ја ослободуваат Македонија од наводниот режим, запраша лидерот Јакимовски.

  • Секоја сериозна партија ако има трошка државничко во себе, најмалку што ќе стореше, е да се огради од овој атак и истиот да го осуди, но, нам СДСМ не не зачудува. Напротив, ние сме зачудени од невладините организации за заштита на човековите права и затоа сакаме да ги прашаме нив и шарените амбасадори: Вака ли мислат да ни обезбедат кредибилни избори? Како не најдоа време да го осудат настанот, и да твитнат нешто за тоа? Иако настанот беше пријавен вчераутро во 9:30 часот, дури во 17:00 часот попладне, по неколкукратни наши интервенции, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прати претставници од крим техника да направат увид дека возилото е полиено со бензин и моторно масло и истото беше изгаснато од трето лице- чувар на згради, дециден беше Јакимовски.

press2Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски исто така запраша како е можно тоа за заменик –министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кога му местат случаи, во рок од две минути, полицијата веднаш да излезе   на местото на настанот, а за овој настан им требале осум-девет часа и дури под притисок да направат увид.

  • Бараме министерот Оливер Спасовски да спроведе истрага и најскоро да спроведе законски мерки против извршителите, го заврши своето излагање пред медиумите , претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу потенцијалните извршители и сомнежот кон СДСМ, првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски нагласи дека активисти или симпатизери на ГРОМ никогаш не биле дел од вакви криминални постапки и дејствија, напротив дека ГРОМ како политичка партија била предмет на напад, односно нејзини штабови биле демолирани. Дури и Општината Карпош, чиј градоначалник е токму тој била  предмет на напад и дивеење од активни членови на СДСМ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin