КАТИЦА ЈАНЕВА – ШЕФ НА ИЗБОРЕН ШТАБ НА СДСМ?

GROM20.10.2016 година

Маските конечно паднаа.

Додека владејачката коалиција  предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги промовираше своите носители на листи и работи на терен, СДСМ спие!

Затоа пак, утрово, во 01:00 часот , изборната кампања на опозициската СДСМ ја започна нивниот шеф на изборниот штаб, специјалната обвинителка Катица Јанева и тоа со претставата „Лов на вештерки“!

Катица Јанева се обидува на најбезбразен начин да го прикрие неработењето и безидејноста на СДСМ.

Со ова дефинитивно се оствари тврдењето на ГРОМ дека таа и Специјалното јавно обвинителство се ОЗТ на СДСМ, кое 18 месеци невешто глумеше правда, а кога се најдоа во „цајт-нот“ пред избори, почна да настапува со ноќни „кабариња“ во коишто друштво им прават луѓе од подземјето, пред и внатре во Министерството за внатрешни работи.

ГРОМ најостро го осудува СЈО со нивното еклатантно  политичко инволвирање и себе ставање во служба на изборната кампања од која нема да има корист ниту СДСМ, ниту граѓаните, а најголема штета ќе претрпи државата Република Македонија.       

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin