Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ТРИБИНА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХРАНАТА

14680670_1826207627615138_3782047143589811312_nПо повод Светскиот ден на храната 16 Октомври, во организација на Форумот на жени ГРОМ – Карпош се одржа трибина „ПРАВОТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО РЕЛАЦИЈА СО ИЗБОРОТ НА ХРАНА“ На трибината со стручна презентација се претстави М-р. Ирена Калајџиевска Милевска, која е долгогодишен истакнат работник во областа на здравата и безбедна храна и нутриционизмот. Овој ден Обединетите нации го воспостиле како интернационален ден на храната бидејќи на 16 октомври 1945 година е основана организацијата на Обединетите нации за храна и агрокултура.

Организацијата на Обединетите нации за храна и агрокултура (FAO) проценува дека постојат околу милијарда потхранети луѓе ширум светот, што значи дека скоро шестина од човештвото е гладно. Мотото под кое се одбележува светскиот ден на храната во 2016 година е “CLIMATE IS CHANGING. FOOD AND AGRICULTURE MUST TOO” (Климата се менува. Храната и агрокултурата исто така мора да се менуваат). На трибината се презентираа стручни и научни ставови за поимите за безбедна и здрава храна, биолошките и физичките опасности за квалитетот на храната, на што треба да се внимава при пазарувањето на прехранбени производи – органолептички својства на производите, декларациите, логото за сертифицираност на производите и други параметри. Исто така, низ примери од секојдневната пракса, беа презентирани и правата за заштита на потрошувачите и законските казнени одредби. Трибината побуди огромен интерес кај присутните и беше проследена со поставување на голем број прашања од страна на слушателите.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin