ФОЖ ГРОМ – КАРПОШ ЗА ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

14670850_1823548117881089_4925410206248969458_n10.10.2016 година

Форумот на жени ГРОМ – Карпош на 9 октомври беше дел од хуманитарно – продажниот хепенинг “Да го подржиме Ники да ги прави своите маски”.

Нашиот мал пријател Ники, прекрасно, креативно дете со Даунов синдром, ученик во шесто одделение во ОУ Димо Хаџи Димов, како вистински надарен уметник, со многу трпение и фантазија, создава вистински уметнички дела – маски.

Форумот на жени ГРОМ – Карпош ги подржува сите активности со кои се одбележува месец октомври кој е посветен на лицата со Даунов синдром, со цел подигање на свеста кај пошироката јавност за лицата со Даунов синдром.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin