РЕАКЦИЈА НА ГРОМ: СЈО ќе одговара за штетите од незаконските снимки

GROM27.09.2016 година

Уште пред една и пол година ГРОМ предупреди дека аудио снимките, набавени на незаконски начин ќе имаат далекусежни негативни последици.

Предупредивме дека снимките ќе бидат користени за компромитирање на јавни личности, уцени, рекет на стопанственици и други граѓани.

Денес, токму тоа и се случува!

Аудио снимките од т.н.„бомби“ се доставени до разузнавачки служби на Балканот, до членови на криминалното подземје, до одредени политичари од соседните земји. Згора на тоа, ние сме сведоци дека т.н. специјална обвинителка и во својот извештај и усмено, во повеќе наврати, упати апел до сите оние кои поседуваат неовластени снимки, истите да ги достават до СЈО.

Ја прашувам г-ѓа Јанева: Дали е таа хуманитарно здружение, па упатува апели или е обвинител?

– Ние како ГРОМ бараме веднаш да отвори истрага против НН сторител и за сите вакви објавени снимки да има кривично гонење, затоа што нивната злоупотреба ќе предизвика големи штети, па дури и ќе има убиства.

Одговорноста за сето тоа ќе падне врз СЈО, Зоран Заев и СДСМ!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin