Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

НАРОДОТ БИРА – НЕ ОРУЖЈЕТО!

stveco jakimovski16.07.2016 година

Времето на воени пучеви помина! Тоа јасно и недвосмислено го покажаа последните случувања во пријателска Турција.

Обидот со тенкови и хиликоптери да се “инсталира” демократија е само темна сенка од минатото, и не е иманентен за ниедна парламентарна демократија. Волјата на народот изразена преку демократски парламентарни избори, на современата политичка сцена во светот покажа дека е посилна од било кое оружје.

Конечно сме сведоци дека онаму каде има “звецкање со оружјето” таму нема добробит за граѓаните во било која земја.  Тоа го потврдија и серијата терористички напади кои се случуваат ширум светот, во кои најголеми жртви се токму обичните луѓе, но и во воените жаришта каде власта се освојува и воспоставува со сила. Тоа го покажаа и сите катастрофи кои ги предизвикаа и оставија зад себе домашните предавници во Сирија, Либија, Египет кои со оружје се обидоа да ги сменат народните влади. За жал, тоа скапо го платија и нивните народи и државите,но и самите тие. Само демократски избраните влади од страна на народот се одраз на желбите и тежненијата на граѓаните во една земја. Се друго е насилство на кое мора да му се застане на патот.

Токму затоа, во такви ситуации треба да има силни лидери кои ќе ја извлечат земјата од криза. Оттаму и поддршката на турскиот претседател Реџеп Таип  Ердоган да се справи со милитантите сили во неговата земја и да го врати мирот во државата и меѓу неговиот народ.

Граѓаните се оние кои бираат и одбираат -не војските и оружјето!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin