Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЖЕНИТЕ НА ГРОМ ВО ПОСЕТА НА СВ. НАУМ

13516338_1776373785931856_4209888947413175574_n27.06.2016 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија, на 26 јуни реализираше уште една активност, посета на Св. Наум и Охрид. Активноста беше реализирана како дел од програмата на форумот на жени на ГРОМ, со цел да се запознаат културните наследства на Република Македонија.

Носител на оваа активност беше Форумот на жени на ГРОМ – Карпош, а се придружија и жените од Кавадарци, Росоман, Кисела Вода, Илинден, Ѓорче Петров, Сарај, Гостивар, Кичево и Охрид. Во прегратките на безвременскиот Св.Наум уживаа 735 жени, кои максимално ја искористија можноста за меѓусебно запознавање и разменување на идеи за понатамошни заеднички активности.

16На жените од ФОЖ ГРОМ им се придружија и организационите секретари на ГРОМ, заменик министерот во Владата на Република Македонија г-дин. Љупчо Пренџов и г-дин. Панчо Минов, претседател на ОО ГРОМ Кавадарци,потпретседател и член на ИО на ГРОМ и Љупчо Настоски претседател на ОО ГРОМ-Охрид. Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија ја реализираше оваа активност со сесрдна поддршка на претседателот на ГРОМ г-дин Стевчо Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin