ЖЕНИТЕ НА ГРОМ НА РАФТИНГ НА ТРЕСКА И ВАРДАР
12.06.2016 година
Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија- ФОЖ ГРОМ, на 12ти јуни беше дел од еден несекојденевен рекреативен настан: рафтинг на реките Треска и Вардар.
Рафтингот беше во целосна реализација на ФОЖ ГРОМ Сарај и на потпретседателот на ГРОМ, проф. др. Зоран Поповски.
На рафтингот учествуваа 50 жени од кои 30-тина , со три чамци се спуштија низ ладните и брзи води на Треска и Вардар. Најбројни беа жените на форумот на жени ГРОМ – Карпош, форумот на жени ГРОМ- Сарај и форумот на жени ГРОМ- Кисела Вода. На рафтингот учествуваше и пратеникот на ГРОМ Чедомир Саздовски.
Форумот на жени на ГРОМ им се заблагодари на професорот Зоран Поповски и на Снежана Јовкоска за извонредната организација на рафтингот.