Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес -конференција: СЈО дели селективна правда

za-veb10.06.2016 година

„ГРОМ како политичка партија веќе предупреди на двојство и негативните ефекти од постоењето на паралелни институции во правниот поредок на Република Македонија. Оттука ГРОМ прашува: како тоа се бара притвор за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, а не се бара притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев?“ Ова денес го изјави претседателот на Граѓанската опција за Македонија на конференција за печат,  по повод барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на градоначалникот на Битола,  Владимир Талевски.

-На градоначалникот на Битола му се ставаат на товар ,, рекла- кажала ‘’ муабети од неовластени прислушкувања. Наспроти него е Зоран Заев, градоначалникот на Струмица, на кој со обезбедени посебни истражни мерки во видео запис, се гледа како бара поткуп од 200.000 евра, пришто ги наведува сите лица од кои патем земал поткуп, ја објаснува технологијата на земање мито и конечно го наведува и крајниот ,, благајник’’ – брат му Вице, како човек кај кого завршуваат парите, изјави лидерот на ГРОМ.

-Дали е споредливо политичкото влијание што го имаат Владимир Талевски и Зоран Заев во Република Македонија? Какво е влијанието на Владимир Талевски врз јавното мислење во Дебар, Велес, Пехчево, Крива Паланка и низ Македонија? – запраша првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски,а какво е на лидерот на опозицијата?

Понатаму Јакимовски истакна дека моралниот кредибилитет на сите политичари треба да биде кристално чист, но во однос на Владимир Талевски, моралниот кредибилитет на Зоран Заев треба да биде 100 пати почист, како лидер на опозицијата.

-Заканите од мито, корупција и криминал не доаѓаат од Владимир Талевски, туку од Зоран Заев. Еве го двојниот аршин во функционирањето на правниот поредок во Република Македонија. На еден начин функционира Државното јавно обвинителство, на поинаков – СЈО. Државното јавно обвинителство, за докажано кривично дело не апси, а СЈО за недокажано кривично дело бара притвор? Ќе ни одговори ли некој од правните душегрижници, колку пати во 365 дена Зоран Заев може да го повтори делото и да бара поткуп, беше дециден Стевчо Јакимовски.

-Колку и да сакаме да не бидеме критички расположени кон СЈО,  продолжи Јакимовски , да  не сме цинични и да не ги омаловажуваме,  самите специјални обвинители го прават тоа, така што применуваат селективна правда и селективно го гонат криминалот. Како што и самата призна во вчерашното интервју заменик- претседателката Радмила Шеќеринска, нивната најголема придобивка од Пржинскиот договор е Специјалното јавно обвинителство.

-Точно е така, и ние не го негираме тоа. Токму затоа на СДСМ не му требаат ниту преговори, ниту избори, туку им треба само 15-тиот коалиционен партнер СЈО, да им го расчисти теренот и физички да им го отстрани политичкиот противник, бидејќи само така можат да дојдат на власт.  Затоа ГРОМ бара од правосудните органи во оваа држава да не прават комбинации и комбинаторики, туку цврсто и сериозно да дејствуваат согласно законските прописи во Република Македонијаизјави пред  медиумите, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin