Едукативна дружба со домашните миленичиња

DSC_173304.06.2016 година

На иницијатива на општинската организација ГРОМ Карпош, денес во населбата Козле, сопствениците на миленици се дружеа и запознаваа меѓусебно. Оваа акција, која е дел од многубројните активности на Граѓанската опција за Македонија, имаше за цел едукативно да ги информира љубителите на домашни миленици за зачувување на животната средина и негување на природата. Така, на оваа едукативна средба на соседите со своите миленици, се обрати секретарот на општинската организација ГРОМ-Карпош, Елка Даскалова, која детално образложи како треба да се справиме со чувањето на домашните животни и одржа едно кратко предавање за употребата на ракавица при секое излегување на прошетка со својот миленик. Таа, исто така, посочи  дека обновените паркови и игралишта како и улиците, треба да се зачуваат и да се обрне внимание на соседите кои немаат миленик, да се воспостави ред и мир во околината и да не се запостави безбедноста.

На оваа дружба освен што присуствуваа голем број сопственици на домашни миленици, гости беа и претставници од АРМ со тренирани кучиња кои работата во службата на АРМ, кои дополнително ги информираа сопствениците за можни промени кај кучињата при развојот.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin