За сите полуматуранти да слават подеднакво

13315372_1766021216967113_6892903653099480391_n01.06.2016 година

Форумот на жени на Граѓанската опција за Македонија реализираше хуманитарна акција ,,За нашите полуматуранти”,  во рамки на која комплетно подготвија дванаесет полуматуранти за одбележување на овој, за нив исклучително значаен момент од школувањето. По тој повод, жените на ГРОМ од повеќе општински организации: Сарај, Кисела Вода, Карпош, Штип, Струмица, Гостивар, Прилеп и Велес, се погрижија на дванаесет полуматуранти кои се од социјално сензитивни семејства, да им обезбедат нови обувки, облека, свечени фризури и други подароци, кои неизмерно ги израдуваа полуматурантите и изнудија насмевки на нивните лица и благодарност кај нивните родители.

Да се почне животот без грижи, да се круниса еден дел од образованието на децата, да им се даде ветар во грбот и да се покаже дека хуманоста не прави сите посреќни, беше водилката на оваа хуманитарна акција.

Задоволството беше двострано кај тие што даруваа и кај тие кои ги примаа подароците, при што овие исклучителни моменти ги овековечија со заеднички фотографии.

Жените на Граѓанската опција за Македонија на сите полуматуранти им ја честитаат полуматурата и им посакуваат успех во понатамошното образование.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin