Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес -конференција: МАКЕДОНИЈА ЗАЛОЖНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

za-veb30.05.2016 година

Денеска, во централното партиско седиште претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски одржа прес конференција по повод актуелните политички случувања на македонската политичка сцена . Во своето обраќање до медиумите тој истакна дека ГРОМ како партија, целосно ја поддржува изјавата на претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов искажана на Форумот во Сараево, со која потенцираше дека Македонија е заложник на политиките на меѓународната заедница, и дека со 17 исполнети акциски планови за членство во НАТО станува земја рекордер, која со завршени обврски се уште не е полноправна членка на НАТО алијансата.

  • Исто така, ние како политичка партија, бевме први кои не ја поддржавме аболицијата на претседателот Иванов, укажувајќи дека политичарите, како и сите други граѓани треба својата невиност да ја докажуваат пред суд, додека ниту претседателот, ниту друга личност може да ги спаси од одговорност, и покрај тоа што има уставно загарантирано право, напомена првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Деновиве , во Собранието на Република Македонија е покрената иницијатива за импичмент на претседателот на државата, и поради тоа Граѓанската опција за Македонија, бара од претседателот Иванов, да ги декласифицира сите информации, врз база на кои ја има донесено одлуката за аболиција, и согласно на тоа, конечно граѓаните да ја дознаат вистината, кој што правел, со кој се договарал и соработувал, и со која цел ја предизвикал оваа криза, и како што повеќе пати има изјавено дека се вмешани странски служби, да излезе и пред јавноста да ги обелодени тие странски служби, бидејќи народот има целосно право да ја знае вистината.

  • Навистина е недозволиво, еден народ, со прочистен избирачки список да нема право да оди на избори, и да ги избере своите легитимни претставници, а од друга страна да нема право да ја дознае целата вистина, за тоа кој му ја подготвувал оваа политичка криза, беше дециден  Јакимовски.

На крајот лидерот на ГРОМ   Јакимовски кажа дека оваа одлука за декласифицирани информации, врз база на кои се донела одлуката за аболиција е донесена директно од претседателот Иванов, и дека целата вистина околу расчистувањето на маглата во оваа политичка криза, која трае веќе две години се наоѓа токму кај претседателот на државата.

Одговарајќи на новинарско прашање Јакимовски, истакна дека уште од самиот почеток  ГРОМ не го поддржа  и призна Специјалното јавно обвинителство, сметајќи дека е противуставно и спротивно на законите на Република Македонија, со лоши кадровски решенија кои немаат капацитет да си ја работат својата работа, за која се платени, а кои постојано бараат изговори дека се попречени во својата работа.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin