„ЕПОПЕЈА ЗА БОЛКАТА“ ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

DSC_902620.05.2016 година

Форумот на жени ГРОМ – Карпош со поетска вечер го одбележа 24. Мај, Денот на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј. Поетското читање насловено како  „Епопеја за болката“ од поетесата Лидија Лучко Јеремиќ, беше уникатно доживување исполнето со извонредната и бескрајно емотивна поетска реч. Ракатките стихови со сета убавината на изразот,  се испреплетоа со значењето на историско – културолошко и просветителско значење за светот со кое го заветија нашите просветители. Поетската вечер претставуваше уметнички осврт на идејата на словенската цивилизациска свест, токму од нејзината колевка – Македонија.

Присутните на поетското читање имаа можност да уживаат во оригиналните творби на нашата поетеса, зад која стојат збирките на поезија: „Дарагаја“, „Низ танцот на љубовта“, „Лулка на срцето“, „Чудотворен колаж“, „Моето име е љубов“ и последниот проект „Епопеја за болката“. Тој е веќе преведен на осум јазици, и на предлог на  Фондацијата “Никола Кљусев” избран од Министерството за култура на Република Македонија, како книга која беше прва промовирана на Саемот на книга- Скопје 2016.

Најсреќните присутни беа наградени со збирки поезија, а седиштето на Граѓанската опција за Македонија се исполни со убавина која единствено поезијата може да ја дари.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin