Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Придржи ми го копилево, да и се насмеам на копиларкава

12933091_925100097603824_3674729975557875590_nКако и секогаш импотентната Европска надворешна политика повторно дојде до израз откако ја закажаа па откажаа лидерската средба во Виена. Трите партии се сложија. Последнен се изјасни „Тарзанот“ Заев, кој категорично вели дека нема да оди и поставува невозможни услови. Зарем би изигравал ваков „Тарзан“ ако некој не му шепнал да повлече таков потег, за да покаже кој е кој во Македонското замешателство.

Заев премногу верува на нивните шепкања и инструкции но во даден момент ќе го изеде истиот стап како што во моментов го јаде Претседателот Иванов. На претседателот исто така му шепнаа да повлече потег со аболицијата, да ги ослободи СДСМ-овците дека Заев нема да оди во затвор тие ќе го натераат да оди на избори, но еве што му направија. Што би рекол народот „Еж раѓа“.

Истото ова ќе му се случи и на Заев. Во моментот кога ќе одлучат да го пуштат низ вода.

Го слушам плачкото Оливер Спасовски кој случајно е министер за внатрешни работи како рони крокодилски солзи оти Владата му ја блокирала работата на министерството. Ќе му објасни ли некој на човекот дека Владата е колективен орган и функционира на колективен принцип. Не може да свати дека тој не управува со миразот на мајка му, туку со еден дел од Владата. Колку повеќе ќе се жестат СДСМ-овчињата и соросоидите по скопските улици, толку повеќе ќе претставуваат безбедносна закана и илузија е да се очекува дека ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Димитриев и останатите ќе му седат со скрстени раце. Нека биде среќен што неговите наивковци началничката екскурзија им завршува со промена на брави и поништување на безбедносните картички. Убеден сум дека може да им се случи не преку врата, туку преку прозор да излегуваат.

Ситуацијата воопшто не е играчка, и таква сила каква што е МВР „министар из Куманова“ може само да сонува дека ќе му ја остави да прави со нејзе што сака.

Тоа што „чадорот“ преку Заев цело време се обидуваше да го направи беше обидот да ги парализира институциите на државата, и досега не успеваа. Но, сега немаме Парламент, имаме нефункционална Влада, загрозена е единствената стабилна институција претседател. Практично, владее хаос. ВМРО-ДПМНЕ во нокдаун. По еднонеделниот шок, превземањето на контролата во МВР е вистинскиот пат кон консолидација.

Многу ми е смешно кога читам дека демократите во Њујорк ќе се испотепале зошто дел од нив не можеле да гласаат на внатрепартиските избори за избор на Претседателски кандидат. Едни велат дека не можеле да гласаат 125.000 Њујорчани, а според други извори дека дури 450.000 не можеле да гласаат за својот фаворит. Зборуваат и дека постоел и вистински хаос во избирачкиот список, и дека имале несредена евиденција. Да им го позајмиме на кратко Чичаковски да им ја среди работата? Ако им го пуштиме буцкото од Берово избори ќе имаат на „Свети никад“. Ај да ги видиме Американците на секои два месеци да им ги одлагаме претседателските избори, како ќе рипаат и дали тоа ќе го дозволат. Да немаат ни Конгрес ни Сенат, ниту пак Претседател на државата. Како би изгледала нивната земја? Можете ли да замислите каква топовска храна би биле за терористите? Ситуацијата ми заличува на онаа народната „Придржи ми го копилево, да и се насмеам на копиларкава“.

Не е храброст Џес Бејли дека сум имал право на свое мислење, дека тој не се слагал со моето мислење, ама ќе го бранел ставот да имам право на свое мислење. Е, „пријателе“ наш, храборст е на демократите да им кажеш „како не ви е срам да бидете исти како овие овде Македонциве“. Со неисчистен избирачки список. Што е уште полошо во Македонија секој што ќе излезе на гласање, гласа. Таму излегле граѓани кои немале право на глас, и не гласале. Е, тоа е права демократија.

Голема храброст би било да му се каже не на Стевче, туку на Сноуден и на Асанж дека имаат право на свое мислење. Е тоа би било права демократија и почитување на туѓото мислење.

Роден сум во Југославија. Бев Титов пионер, во војска командант ми беше личниот шофер на Тито, учествував на последната воена парада 1985 како спортист од Македонија во спортскиот ешалон. Работев во претседателство на младина на Југославија. Со еден збор, ја сакав таа земја. Пред очи ми ја растурија. Не се борев за неа, и за тоа не жалам. Моја татковина е Македонија, тука се родив, се оженив, деца изродив, и пред очи гледам како ми ја растураат државата. Е, за нејзе ќе се борам! Или тие, или ние! Или Македонија ќе ја водат патриоти, или квинслинзи. Или од народот избрана, или марионетска влада!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin