Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес -конференција: ГРОМ е подготвен за јунските избори

pres 07.0407.04.2016 година

Денеска во централното седиште на партијата, претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, одржа прес конференција. Во своето обраќање до медиумите, тој истакна дека поводот за денешната изјава е вчерашното распуштање на Парламентот, и одржувањето на предвремените парламентарни избори на петти јуни.

-Ние ја поддржуваме одлуката на Парламентот за распуштање, и во исто време сметаме дека и покрај тоа што немавме разбирање за отстапките на премиерот Груевски и ВМРО- ДПМНЕ, вклучително и на меѓународната заедница кои ги правеа кон СДСМ, добро е што СДСМ се толерираше, бидејќи конечно се разобличи намерата на Зоран Заев и СДСМ да не одат на избори, и било кој услов ним да им се исполни, тие и понатаму ќе бараат одложување на изборите, нагласи првиот човек на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Понатаму,  претседателот Јакимовски, ја поистовети стратегијата на СДСМ со таа на Хитлер кон Полска пред втората светска војна, односно на секое барање на кое полската држава ќе му одговори со да, тој и понатаму да поставува нови и нови барања, се со цел да изврши воена интервенција, па така и Зоран Заев, на секое задоволување на негово барање, тој поставува ново, се со цел да си најде причина за одложување на изборите.

-Причина за ова е што ако Зоран Заев и СДСМ учествуваат на изборите, на петти јуни ќе ја видат суровата вистина за нив, односно ќе ги загубат изборите, а потоа ќе следи смена на раководството на СДСМ, а државата ќе продолжи да функционира во нормален тек. Понатаму, ќе нема никаква причина да испорачува барања ни до власта, ни до меѓународната заедница, и практично ќе нема никаква реална основа да ја вознемирува македонската јавност, дециден беше Јакимовски.

Граѓанската опција за Македонија, продолжи Јакимовски смета дека е сосема легитимно една политичка партија да ги бојкотира изборите, односно да биде вонпарламентарна партија, но истовремено е неморално и неетички, лидерот на опозицијата два милиони граѓани да ги држи во заложништво. Во своето обраќање до јавноста, Зоран Заев не кажа ниту една издржана аргументација за неучествувањето на изборите, и напомена само дека и понатаму ќе ја продлабочува кризата. Тој истакна дека и понатаму ќе се борел за слободата, додека ние сметаме дека не треба да се служи со празни флоскули, и дека ние слобода имаме, односно тој се бори за својата лична слобода, бидејќи најизвесно е дека ќе продолжи судскиот случај за ,,Пуч’’ и барање за ,,Поткуп’’ против него.

-Исто така, сакаме да и се заблагодариме и на меѓународната заедница, која цело време му даваше поддршка на СДСМ,  и на крајот видоа дека наводните 150.000 фантомски гласачи  се измислени, дека еден гласач, да гласа на повеќе места, е неточна работа, и втората полуга на која се потпираше СДСМ е СЈО, каде што обвинителката Катица Јанева со своите дејствија, најде дека при апсењето на Љубе Бошковски, биле употребени навредливи зборови кон неговата мајка и сопруга. Со ова, паднаа во вода сите маски на СДСМ, и претставниците на меѓународната заедница  по објавата на најновите анкети се уверија дека рејтинзите не одат во полза на опозицијата, со што крајно време дојде, оваа агонија да престане. Заради Зоран Заев, не смее цела држава да биде држена во заложништво, да трпи стопанството, да трпи економијата, да се носи голема штета на институциите, и да се дели граѓанството, категоричен  беше лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

ГРОМ смета дека не е воопшто страшно, опозицијата да одлучи да биде вонпарламентарна партија, бидејќи како што е познато, во 1992 година, немаше практично опозиција, па понатаму се искристализира кој е власт, а кој опозиција. Во 1994 година, Љубчо Георгиевски и Петар Гошев одлучија да ги бојкотираат изборите, па ВМРО ДПМНЕ  четири години беше вонпарламентарна опозиција, а на изборите во 1998 победи и стана власт.

-Оваа опција е отворена за Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, и чесно е да ја соопштат отворено, а не и понатаму да се кријат зад т.н. неисполнети барања кои постојат само во нивните глави, и никаде на друго место, заклучи на крајот од своето излагање лидерот на ГРОМ Јакимовски.

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin