ГРОМ против притисокот врз институциите

GROM13.03.2016 година

Граѓанската опција за Македонија осудува секаков вид притисок и девалвација на институциитена државата.

Во изминатите неколку месеци сме сведоци на тоа како се врши континуиран притисок и грубо непочитување на институциите на државата.

Сценариото е видливо. Најнапред, интенцијата беше да се покаже дека нема водство кое може да ја води државата, а сега тој обид се префрла врз институциите на системот, врз обвинителството, врз судовите, како и врз највисоките судски инстанци, Врховниот, а во последно време посебно врз Уставниот суд.

Целта на сето ова е да се покаже дека Република Македонија нема функционални институции и да се создаде хаос. Ако нема институции и ако нема водство, тогаш се поставува прашањето кој ќе управува со државата и кој ќе го води народот? Затоа ГРОМ се спротиставува на сите обиди за омаловажување на државните институции и создавањето на искривена слика пред меѓународната јавност.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin