Жените на ГРОМ кон врвот

12823433_1727813344121234_4542501707132225296_o06.03.2016 година

По повод меѓународниот ден на жената 8-ми Март, жените на Граѓанската опција за Македонија го “освоија” Водно и поминаа незаборавни моменти на заедничко дружење на „покривот“ на главниот град на Република Македонија.

Особено мотивирачко беше мотото „Жените на ГРОМ кон врвот“ одразувајќи ја желбата и стремежот на жените на Граѓанската опција за Македонија да ја достигнат својата цел и да бидат значаен фактор во општестевното живеење и на политичката сцена.

Над 400 жени од Карпош, Кисела Вода, Кавадарци, Ѓорче Петров и Сарај поминаа едно прекрасно предпладне на врвот на Водно, се дружеа и забавуваа, уживаа во незаборавниот поглед на Скопје, во чистиот воздух и на сонцето кое излезе од зад облаците, токму поради нив – за жените на ГРОМ, за денот да биде уште потопол и поубав.

Жените на ГРОМ не познаваат бариери за нивното пријателство и соживот, не познаваат меѓи и огради, не познаваат препреки кои не можат заедно да ги преминат.

Нераскинливо сплотени, независно од нивната возраст, социјален статус, јазикот кој го зборуваат и верата на која и припаѓаат, понесени од желбата дека можат повеќе и можат подобро, жените на Граѓанската опција за Македонија веруваат во себе, веруваат во својот лидер г-дин. Стевчо Јакимовски и во неговите заложби за подобра иднина на Република Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin