Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Црвениот бумбар

stveco jakimovski28.02.2016 година

„Кога секој инсект би носел мед, бумбарот би собрал најмногу“. А знаете ли зошто..? Ќе ви кажам друг пат. Нашиве бумбари од СДСМ како што е вообичаено, само брмчат, ама не носат мед, односно нема никаква корист од нив.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан за нападот врз Тодор Петров од страна на Беќир Асани, денес од Тетово, кутриот одговори, дека го осудувал настанот: „Без разлика кој тепал и кој бил тепан, никој во Македонија не смеел никого да тепа“. Нема што, епохална изјава! Слична на онаа на Милошевиќ дадена 1989 година во Косово Поле „Нико не сме да вас бије“.

И после ваква реторика, ај сега нека кажат власт ли се, опозиција ли се?

И по речиси пет месеци Спасовски никако не може да  сфати дека носи министерска капа. Не е опозиција туку е власт, и притоа го води најбитниот ресор во државата со 12.000 вработени. За вакво тешко кривично дело не може да се расфрла само со политички изјави, туку како министер треба да каже нешто многу поконкретно. Секој нормален министер за внатрешни работи би рекол: Истрагата е во тек, напаѓачот Асани е во бегство, по него се трага,  во моментот кога ќе биде пронајден ќе биде изведен пред правосудните органи.. Нешто што е сработено. Ама не. Тие, иако се во власт,  мислат и натаму се опозиција и некој друг треба да им ја брка работата. Друг треба да ги брка тепачите, друг треба да ги брка криминалците…

Ова само ја покажува нивната некадарност, дека СДСМ не знае да работи, туку само да зборува, и дека нив само ги интересира дали ќе најдат нешто за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту ги интересира безбедноста на граѓаните, ниту државата.

Во изминатите месеци, дали јавноста виде или слушна за некоја успешно изведена полициска акција во борба против трговијата со наркотици, трговијата со оружје, бело робје, преземена активност за разбивање на меѓународни терористички групи, перење на пари, стопански криминал и слично? Не, тие не се мешаат во такви работи. Тука се за политички декор. Да бидат видени, да пласираат некоја лага, а дотогаш државата ќе биде на „стенд бај“. Кој ќе преживее, ќе раскажува. Е голема работа направи – го осуди насилството. Уште да го поддржеше.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin