Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес конференција: Бегалската криза се заканува со дестабилизација

Прес конференција 06.12.2015 година06.12.2015 година

Актуелната мигрантска криза, која во последниот период зема се поголем замав, и се заканува да го дестабилизира целиот регион, вклучувајќи ја и цела ЕУ, беше повод претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски  денеска во седиштето на ГРОМ да одржи прес конференција.

Претседателот на ГРОМ напомена дека ЕУ многу слабо и некоординирано се справува со мигрантската криза, и дека Република Македонија како мала држава, нема толкав економски, социјален и институционален капацитет да може да издржи толкав бран на мигранти.

-Европската унија во овие случаи не се снаоѓа најсоодветно и овие несакани случувања ќе се милтиплицираат во Македонија, но и во Европа и во регионот. ЕУ може во одредени моменти да делува некоординирано, но таа има механизми и силни институции да ги корегира своите политики. Наспроти тоа, Македонија нема толку силни институции и оттаму оваа криза може да доведе до дестабилизација на земјата, нагласи, претседателот на ГРОМ.

_DSC6018

Тој истакна дека ГРОМ како политичка партија неколку пати предупредува за сериозноста на ситуацијата која и се заканува на Македонија од налетот на бегалците и економските мигранти, со сериозни индиции да ја нарушат нејзината безбедност и да ја загрозат стабилноста на државата. Оттаму, тој ги охрабри институциите на системот во Република Македонија, посебно безбедносните,  храбро и енергично да одговорат на бегалската криза, посебно кон оние кои се однесуваат милитантно, а исто така и натаму да се продолжи со поставување на жичаната ограда. Јакимовски упати порака до МВР и до сите надлежни институции координирано да дејствуваат да ја стават под зацврстен надзор ситуацијата на јужната граница, пред истата да излезе од контрола.

Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски  ги повика сите политички партии во Република Македонија да застанат цврсто и единствено позади проблемот со бегалската криза бидејќи најмалку во овој момент на Република Македонија и е потребна надворешно увезена криза. ГРОМ како политичка партија ќе го поддржи протокот на мигранти од воените кризни жаришта, со цел истите бегалци по строго утврдени процедури, да транзитираат низ Република Македонија, додека т.н економски мигранти кои доаѓаат од државите во кои нема војни да не им се дозволува влез на територијата на Република Македонија.

_DSC6014

Одговарајќи на новинарски прашања околу тоа дека невладини организации од Грција ги „инспирираат“ мигрантите да прават немири, првиот човек на ГРОМ одговори дека Грција прави се тие луѓе што пократко да престојуваат на нивна територија и час поскоро да го пренесат проблемот во Македонија, Србија, Хрватска и натаму во останатите земји. Овој проблем го создава и извезува земја членка на Европската унија, а можеби одредени служби во Грција, изрази сомнеж претседателот на ГРОМ, дека се во дослух да создаваат вакви проблеми во Република Македонија. Јакимовски дури изрази скептицизам во силината на мерките  кои мисли ЕУ да ги спроведе за смалување на проблемот, и оттаму е потребна наша поголема енергичност во справувањето со кризата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin