ГРОМ против бруталната партизација на медиумите

press02.12.2015-1ГРОМ е запрепастена од партизацијата и поларизацијата на медиумскиот простор во кој владее принципот на „или си со нас, или си против нас“. Овој воспоставен принцип е погубен за граѓаните кои со сопствени средства директно или индиректно си го финансираат правото на објективно и непристрасно информирање, но и за медиумите кои водат лавовска битка да преживеат под јаремот на политичките врхушки.

Ваквиот развој на настаните беше повод денес, потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија проф. д-р. Зоран Поповски да одржи конференција за печат на која го изнесе партискиот став кој се однесува на последните случувања во клубот на пратениците, во кој партиите преговараат за регулирање на медиумската сфера.

Потпретседателот на ГРОМ Зоран Поповски истакна дека ГРОМ ја осудува валканата и бескомпромисна борба која ја водат двете најголеми политички партии што ја водат во нивниот виртуелен бункер за завладување и подјармување на медиумите.

Последната изјава на лидерот на опозицијата дека нему најголеми непријатели му се некои медиуми е доказ што всушност се случува и што му се заканува на медиумскиот простор во Македонија.

press02.12.2015

Оттаму, истакна тој, ГРОМ прашува: Дали медиумите како јавни гласила треба да им служат на граѓаните на Македонија за објективно и реално информирање или само за прикажување на сдсмовската и вмровската вистина? ГРОМ исто така се прашува што после т.н. регулирање на медиумите, и дали потоа ќе имаме стриктна поделба на леви и десни медиуми, и што ќе остане од јавната сфера за останатите неопределени граѓани и симпатизери на помалите политички партии? Дали нив, сакале или не, ќе им остане да избираат меѓу би-партискиот мрак или партиската „вистина“?

ГРОМ е зачудена од ваквиот недемократски пристап кон јавните гласила, и од нескриениот атак врз слободата на медиумите од страна на двете најголеми политички партии, но уште позачудена е од односот на меѓународната заедница во која насока ги советува преговарачите.

Она што досега е јасно, рече потпретседателот на ГРОМ Поповски, дека во Пржино двете најголеми партии во државата успеаја да го „спржат“ гласот на граѓаните, слободата на медиумите и објективното информирање.

Оттаму ГРОМ, како политичка партија која се залага за слобода на говор, професионалност во медиумската фела, и која ги почитува новинарите и медиумските работници, како основен столб на едно демократско општество, бара политичките партии да ги тргнат рацете од гласилата, особено од радиодифузниот сервис, кој е финансиран од граѓаните на Македонија, и да ја остават новинарската фела да си ја врши професионално и независно својата работа. Политичките партии,  граѓаните и гласачите нека ги придобиваат со своите политички платформи и програми кои треба да понудат повеќе демократија, поквалитетен живот и подобар стандард на граѓаните, а не да ги придобиваат преку потчинување на медиумите, заклучи Поповски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin