ГРОМ-КАРПОШ „НАПОЛНИ“ ДВЕ ГОДИНИ

DSC_6235Во присуство на високи партиски функционери, членови и симпатизери на ГРОМ, вечерва се одржа пригоден коктел, по повод двегодишнината од формирањето на општинската организација ГРОМ-Карпош. На роденденот на ГРОМ-Карпош официјално се обратија претседателот на општинската организација на Карпош,  Оливер Станоески, организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов и потпретседателот на ГРОМ, Зоран Поповски.

Тие, во своите говори, презентираа ретроспективен осврт за изминатите две години, истакнувајќи меѓудругото дека ГРОМ денес е етаблирана политичка партија на македонската политичка сцена која е дел од власта и која ќе продолжи да се развива како политичка партија  во понатамошниот период.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin