Пукањето во доктор-деструктивен чин без преседан

GROMГраѓанската опција за Македонија ГРОМ, најостро го осудува последниот инцидент во кој резигнирани роднини на пациент пукаа во доктор во Клиничкиот центар.

Ваквиот начин на „делење правда“ и искажување на емоциите е крајно деструктивен и опасен преседан кој може да има далекусежни последици.

Напад врз доктор за време на вршење на службена должност не може никако поинаку да се протолкува отколку како криминален чин.

ГРОМ прашува во што ќе се претвори државата доколку секој незадоволен пациент  самоволно дели правда и убива доктори? Дали тогаш ќе ни останат само надрилекари, бидејќи во професионалната историја на докторите, дури и кај најпознатите и најуспешните, секогаш има некој кој не е задоволен од наодот или исходот на лечењето.

Оттаму ГРОМ ги повикува надлежните институции во државата, органите на прогонот и Судот, сериозно да се зафатат со решавањето на овој случај и најостро го санкционираат, со цел никогаш повеќе да не се повтори инцидент од ваков тип.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin