XI Седница на ЦО на ГРОМ: Да се зачува достоинството на граѓаните и институциите

GROM29.10.2015 година

XI Седница на ЦО на ГРОМ

Проф. д-р Зоран Поповски, потпретседател на Граѓанската опција за Македонија е новиот Претседавач со Централниот одбор на ГРОМ, а м-р Љупчо Пренџов, организациониот секретар е шеф на Централниот изборен штаб на партијата за претстојните парламентарни избори на 24 април 2016 година.

zoran popovski
Проф. д-р Зоран Поповски
prendzovм-р Љупчо Пренџов

Ова вечерва едногласно го изгласаа членовите на Централниот одбор на ГРОМ од сите општински организации во земјата, на својата XI седница.

Правејќи рекатитулар на сите политички збиднувања меѓу двете Седници на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски, рече дека во изминатите месеци  Македонија мина низ исклучително „жежок“ период на политичката сцена, почнувајќи од кумановските настани, па се до договорот од Пржино.

  • Она што ние како ГРОМ мислиме, изјави претседателот Јакимовски е дека Македонија мора да покаже дека има стабилни институции, подготвени безбедносни структури, функционална правна држава во која се почитуваа Уставот и законите и ќе се сочува достоинството на граѓаните.

Со критичка интонација за однесувањето на опозицијата која евидентно тежнее кон пролонгирање на парламентарните избори, Јакимовски изрази и став дека Законот за Специјален јавен обвинител и изборот на јавниот обвинител е наспроти Уставот и позитивните законски прописи. Јакимовски рече дека за да добиеш избори, не е доволно само да ставиш слушалки на глава, туку треба и да понудиш  визија и проекти за подобра иднина на Република Македонија.

Тој исто така нагласи дека во иднина не треба да се маргинализира улогата на дијаспората која годишно, со над 1,2 милијарди долари го „пегла“ буџетскиот дисбаланс.

Мнозинскиот модел, според првиот човек на Граѓанската опција за Македонија, е најдобар за граѓаните затоа што на  листите за пратеници се ставаат лица со кредибилитет, прифатливи и препознатливи и од помалите градови и места од внатрешноста на земјата во секоја од изборните единици.

На крајот Јакимовски се заложи за поголема гласност на помалите политички партии како што е ГРОМ и против ексклузивитетот на „четирите големи“ политички партии да одлучуваат за најсуштествените прашања кои ги допираат граѓаните.

Организациониот секретар на ГРОМ, Панчо Минов, во својата дискусија потенцираше дека Македонија очигледно е во политичка криза и дека нејзината разрешница мора да дојде на избори, а Граѓанската опција за Македонија да понуди поконструктивни и подобри решенија посебно во сферата на земјоделството.

Потпретседателот Зоран Поповски повика на поголема мобилност во партијата и понуда на нови концепти во образованието со нагласка на развивање на практичниот пристап во едукативниот процес. Мора да се отворат прашањата кои не се во „жижата“ на политичката сцена во моментот, но се од суштествено значење за граѓаните, заклучи претседавачот на Централниот одбор на ГРОМ, Поповски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin