Форумот на жени ГРОМ – Карпош во прегратките на манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски

1517.10.2015 година

Еден од најубавите манастири во Македонија, манастирот Св. Јоаким Осоговски, ги прими во своите свети прегратки жените членови и симпатизери на ГРОМ. Во организација на Форумот на жени ГРОМ – Карпош, 550 жени од осумнаесет до осумдесет годишна возраст, имаа ретка можност да го посетат ова свето место.

Свети Јоаким Осоговски, сместен во пазувите на Осоговските Планини, на само три километри од Крива Паланка, е посветен на чудотворецот Св. Јоаким Осоговски. Основан е во XII век. Прекрасно светилиште чија внатрешност и тремовите на црквата се живописани од вештите раце на четворица македонски зографи. Најзначајниот дел на фрескописот се наоѓа на западниот ѕид од црквата кој го насликал прочуениот  фрескописец Папрадишки. Една од најкарактеристичните фрески е композицијата „Евангелската проповед на Апостол Павле” . На оваа извонредна фреска народната носија од Кривопаланечко зрачи со сета своја убавина и рустичност. Најстариот објект во манастирскиот комплекс е малата црква на Рождество на Пресвета Богородица. Ова светилиште долги години беше резиденцијален манастир на Полошко – Кумановската епархија. Овој манастир го доживува својот процут за време на Митрополитот Полошко – Кумановски Господин Кирил.

Форумот на жени на ГРОМ – Карпош беше особено почестен од страна на свештенството на манастирот, кој одржа величествена литургија за жените од ГРОМ.

Прекрасно беше и гостомпримството од страна на раковотсвото на Форумот на жени на ГРОМ – Крива Паланка.

Особена чест за сите жени членови и симпатизери на Форумот на жени ГРОМ – Карпош, претставуваше и присуството на Претседателот на ГРОМ г-дин. Стевчо Јакимовски и заменик Министер за локална самоуправа г-дин. Љупчо Пренџов.

Форумот на жени ГРОМ – Карпош имаше можност да се дружи со изворните звуци од гуслите на еден од ретките живи гуслари во Македонија и во прекрасната музика на музичкиот состав кои го сочинуваат членови на ГРОМ.

Жените на ГРОМ – Карпош уживаа во планинскиот воздух и убавината на Осоговските Планини, во пешачењето по стрмните патеки, а најмногу од се, уживаа во ГРОМ- овската дружба.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin