ГРОМ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ИЛИНДЕН

grom_krusevo02.08.2015 година

Партиска делегација на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ, денес на свечен и достоинствен начин ги одбележа двата големи Илиндени: оној во Крушево каде што е изборена идејата за македонска држава преку Крушевската Република и 2-август Илинден кога на Втрото заседание на АСНОМ е востановена државноста на РепубликаМакедонија.

Делегацијата предводена од двајцата потпретседатели на ГРОМ, Зоран Поповски и Горан Анчевски, како и претседателот на ОО ГРОМ –Прилеп Влатко Димитриевски и членот на ИО на ГРОМ-Прилеп Пеце Здравески, утринава во 9.30 часот го посетија и положија цвеќе  во Музејот на Никола Карев, а во 12 часот, на централната илинденска манифестација на Мечкин камен, положија и венец цвеќе, каде се поклонија пред великаните на идејата за македонска самостојност.

Во состав на парлементарната делегација, највисокиот законодавен дом во државата, која пригодно го одбележа Илинден на Мечкин Камен во Крушево, беше и Чедомир Саздовски пратеникот на ГРОМ во Собранието на Република Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin