Дамјановски е тотално „аут“ од политичките збиднувања

stveco jakimovski03.07.2015 година

Моја проценка и мое индивидуално право како политичар е да одберам со кого на што ќе дебатирам. Доколку темата на разговорот требаше да биде само локалната самоуправа, тогаш јас почитувам дека Зоран Дамјановски е мој колега и градоначалник и двајцата можеме да говориме на таа проблематика. На оваа тема не би избегнал разговор и дебата ниту со градоначалникот од најмалата општина во Република Македонија. Меѓутоа, новинарот Мишко Иванов ме информираше дека поголемиот дел од емисијата ќе се однесува на високата политика, на што јас му одговорив дека Зоран Дамјановски не е ниту член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, а јас, сум сепак, лидер на партија. Дека истиот тој е тотално „аут“ од политичките збиднувања говори фактот што во медиуми се јавува само кога Куманово нема вода, кога со некоја судска пресуда му е блокирана сметката па да поплаче малку пред медиумите, или кога во Куманово се пука.

Не знам зошто му требаше да искажува еден куп навреди на моја адреса и зашто не си ја сфати суровата реалност дека, барем засега, тој е локален политичар и би бил несоодветен соговорник по ранг и по знаење за висока политика.

За навредите кои ги изрекува не му замерувам, зашто можеби човекот бил под дејство на алкохол. Кога некој е „другар“ со алкохолот, јазикот му лета побрзо од паметот.

Што се однесува до клептомантството, таа болест е иманентна за коцкарите, зашто не можеш да се коцкаш, а да немаш афинитет да „украдеш некој кец“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin