НИВО ЦИЦ

GROM02.07.2015 година

Да, господине Дамјановски! Прекрасен беше поводот за празното столче покрај вас на вечерашнава дебатна емисија „24 Анализа“, на која Вие го посакувавте да седне лидерот на ГРОМ –Граѓанска опција за Македонија Стевчо Јакимовски. Не сте му биле ниво за дискусија.

Па да, и навистина не му е ниво. Апсолутна вистина.

Во СДСМ Дамјановски не е ниту член на Извршен одбор,  а сака на дуел да биде со лидер на партија?! Што кутриот тој има да каже за политиката во Македонија? Зошто досега излегува пред камери, само ако липковчани му го затворат вентилот и кумановци немаат вода, евентуално да поплаче пред камери ако некоја судска пресуда му ја блокирала сметката или ако се пука во Куманово? Со оглед на фактот каков оратор и политички калибар е Јакимовски, а споредено со  тоа во какво светло се претстави Дамјановски, во најмала рака можеше да биде обвинет за прекумерна употреба на сила и да го „дозакопа“ во суицидниот настап кој, за среќа, си го стокми сосема сам.

Тоа дека Јакимовски со својата партија освоил толку гласови колку Зоран Дамјановски на локалните избори, има само една фалинка: Јакимовски тие гласови од народот ги освои сосема сам, а Дамјановски со сесрдна помош на СДСМ, втора по големина партија во државата без која ќе останеше не само без Куманово, туку и на буништето на политиката. Кој е и колку „тежи“ како политичар Зоран Дамјановски покажа и неговиот „дебатен настап“ со провинцискиот речник кога една цела етничка ззаедница во Македонија – Ромите ги ословува со  „Циганите“, онака убаво со „алтруистички и социјалдемократски речник“.

Јакимовски навистина не може да го достигне тоа ниво да биде толку под дејство на алкохол (веројатно во емисијата не прават претходно валиден алко-тест), колку, како што велат неговите пријатели, може да биде кумановскиот градоначалник кој „или пие или игра коцка“. После ова за кое ниво се зборува? Кој уште сака да зборува со Дамјановски?

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin