Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Одговор: Преку Бојата на гласот се препознават!

Човек сонувал сон. Одејќи по брегот на морето, здогледал во песокта два реда траги од стапала. Се свртел кон Бога и запрашал: „Господи што е ова?“ Господ му одговорил: дека тоа се стапките од времето кога ти и Јас заедно чекоревме низ животот. Човекот продолжил по брегот и одеднаш застанал зачуден. „Господи но зошто овде има само еден пар стапки, зошто си ме оставил сам да чекорам во животот?“ На тоа Господ му одговорил: „не , најмил мој, јас не те оставив никогаш. Тоа се само моите стапки кога јас те носев на раце во време на тешкотиите низ кои минуваше во тој период од твојот живот“.

Ова е реалност за многу луѓе, групи и народи. Македонскиот народ ја поминувал оваа реалност низ сопствената историја на борба за опстојување на овие простори. Иако многу долго бил носен на раце, сепак во последните 60 години опстојување, ако се сврти наназад ќе види дека има два реда траги од стапала: неговите и на Господ. Да се чекори заедно со него значи подготвеност да се превземе одговорност за сопствените одлуки, поточно изборите што ги прави.

Зборот одговорност на англиски е responsibility или „response – ability“. Буквален превод би бил способност за одговор. На македонски би значело „одговор носи“. Која е одговорноста на денешната генерација Македонци во актуелното бурно време? Кој одговор треба да го донесе? Која способност за давање одговори на предизвиците на деношново време треба да ја стекне? Во последните 25 години оваа генерација на македонскиот народ превзеде поинаква одговорност од порано. Ако одговорноста на претходните генерации била друга, пред 1945 борба за слобода и стекнување сопствена држава, пред 1990 година зачувување на идентитетот и самобитност, после 1991 година оваа одговорност многу се промени. да се опстојува самостојно управувајќи со сопствена суверена држава. Дали оваа генерација, живи Македонци е дорасната на оваа задача? Може ли да ја превземе одговорноста да ја гради и развива државата за таа да биде столб за остварување на долгорочните национални интереси? Мојот одговор е може. Но тоа не треба да заврши само на дел или група, туку свеста за оваа одгорност да се пренесе на секој жив македонец денес. Задачата не е лесна, но може да се изврши. Потребно е да се работи за да се подигне колективната свест за одговорноста на секој поединец за остварување на оваа задача. Првата пречка за секој размуен што сака да работи на оваа доаѓа преку прашањето: „Со кој си? Со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ?“. или „за Кој си?“. Навидум оние што се паметни,а всушност плашливи и неодговорни, велат за „никој не сум“. Мојот одговор е многу едноставен: јас сум со генерациите Македонци што изминатите два века се бореле за остварување на националните цели. Не само ова генерација, туку многу петходни и многу идни генерации ќе бидат за нив. Затоа никој од денешната генерација нема да опстојува долго, ниту ќе добие поддршка од мнозинството Македонски народ,доколку се откаже од тие со борба, крв и пот остварени национални цели. Денешното политичко водство не ги менаџира само краткорочните туку и трајните вечни национални цели за кои свој придонес дале многу претходни генерации. Што е тоа што со сигурност гарантира опстојување и остварување на целите на македонскиот народ? Што е правата суштина на македонските национални цели: 1. Држава конституирана со волјата на граѓаните на Република Македонија. и во која народот избира власт. 2. Институции кои се грижат за сите граѓани и способни да даваат одговори за проблемите на граѓаните, или одговорна власт. Но најважно, власт која не заборава кој ја избрал и зошто. 3. Зајакнување и поддршка на способностите на сите кои работат и водат бизнис за постојано зголемување на нивниот број во Република Македонија, или градење на заедништво врз основа на индивидуалните способности – правда= позицијата на секој поединец зависи од неговите спосбности и резултати. 4. Вклучување на оние што се надвор од економските , општествените и политичките текови во секојдневниот живот и зајканување на нивните способности самостојно да опстојуваат и напредуваат, или поддршка и на оние што во одреди периодот од животот им треба помош, милост кон хендикепираните. Сметам дека треба да се направи анализа за тоа како овие 4 столба на заедништвото на македонскиот народ се остварувале пред 100, пред 50 и пред 20 години, а како се остваруват сега. Вака поставени столбови на државноста и освестени/разбрани од што поголем број на граѓани ќе овозможат да се оценуваат резултатите и одговорноста на секој што претендира да биде менаџер на националните цели на македонскиот народ, за ова пишував повеќе во претходниот текст „Одлуката-Јас сум“. Денес имаме 2 пристапи кон националните интереси: првиот нив да ги остварува македонскиот народ и од него избрана власт и вториот, да се прави хаос, конфузија како основа да се бара и овозможи друг од надвор да се меша во решавањето на националните проблеми. Што ги разликува овие два пристапи денес? Бојата на гласот ? По неа, бојата на гласот, брзо се препознават кој за што е. Во зависност од тоа кој пристап ќе го прифати македонскиот народ, ќе се разликуваат два одговори Македонците да бидат носени на раце, од Господ или други од надвор, во остварување на својата самобитност или Можеме сами да чекориме заедно со Господ.

Д-р Ристо Иванов

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin