Прес – конференција: Несериозноста на СДСМ за решавање на политичката ситуација

11355531_10153451671084742_668957787_n06.06.2015 година

На денешната конференција за печат на Граѓанската опција за Македонија, лидерот Стевчо Јакимовски го изнесе ставот на ГРОМ за актуелните несериозни политички збиднувања од страна на опосициската партија.

Несериозниот однос на Зоран Заев and company,  како во однос  на државата Решпублика Македонија така и во однос на нашите пријатели од меѓународната заедница е крајно неодговорно. Г-динот Заев и СДСМ целата ова комедијантска шпанска серија ја приредуваат со цел да го привлечат вниманието на меѓународната заедница и како што тие милуваат да си кажуваат за своите членови и симпатизери, да им помогнат да дојдат на власт во Република Македонија – рече претседателот Јакимовски и додаде дека ја повикуваат меѓународната заедница да се вклучи во разрешување на од нив креираната политичка криза надевајќи се дека и препораките ќе бидат онакви какви што тие очекуваат.

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија потсети и на лидерската средба на комесарот Хан по Самитот на министри за надворешни работи.

-На средбата  со комесарот беа дадени јасни насоки, му дадоа јасни одредби во која насока треба да одат изнудените преговори и како истите треба да завршат според принципите на парламентарната демократија.

Истите налагаат дека опозицијата веднаш треба да се врати во Парламентот, да се престане веднаш со бомбите, а целиот материјал да се достави до Обвинителство, случајот да добие правна разерешница низ институциите на државата, да се формира анкетна комисија во Собранието и целиот случај да има политичка разрешница, на избори се разбира. Јасно му е кажано на Зоран  Заев дека изборите ќе бидат организирани од оној кој добил легитимитет од народот, а тоа е ВМРО ДПМНЕ, неговата коалиција и премиерот Никола Груевски – изјави Јакимовски и посочи дека оваа проблематика ја знаат сите оние кои разбираат политика, освен оние чија цел е и натаму да ја држат Република Македонија во тензии како и да прават штети.

-Зачудува фактот што сега на СДСМ покрај тоа што не му чини Владата, Премиерот, медиумите, народот кој го нарекува овци во трла, сега не им чини ниту ОБСЕ, ОДИХР, ниту пак комесарот Хан. За разлика од струмичкиот залутан политичар, комесарот Хан не е политичар од вчера.

И покрај пораката што му ја пренесе од министрите за надворешни работи од земјите членки на ЕУ, вчера комесарот Хан не случајно од Вашингтон му упати нова порака со јасни ставови. Тоа што тој и неговото заблудено друштво не можат да ги сфатат овие пораки само покажува дека немаат потребна политичка зрелост и капацитет дури и да бидат опозиција – заврши лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Меѓудругото, од вчера стана сосема јасно дека Заев  не е тој со кој што треба да се преговара туку тој е марионета која само ги пренесува пораките на оние што го плаќаат неуспешно да ја руши државата.

Никој сериозен не треба да преговара со поштар, со оној кој ги пренесува пораките.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin