Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Одлуката – Јас сум…..!

Кога римските војници најпосле го заробиле Спартак и дружината, не можеле да го препознаат па прашале: „Кој е Спартак“? Бидејќи никој не одговорил на прашањето, тие повториле: Кој од вас е Спартак? Ако не кажете кој е, сите ќе ве убиеме. По краток молк станал еден и рекол: Јас сум Спартак. потоа друг. Јас сум…., па трет Јас сум….. и се така до последниот од дружината. Иако знаеле дека одат во смрт, сите се изјасниле дека се Спартак. Оваа приказна често се споменува во учебниците за стратешки менаџмент, за да се објаснат зборовите визија и цели. Секој се поистоветил со целта за која се борел Спартак, ослободување од ропството, почитување на личниот интегритет и право да се одлучува за сопствениот живот. Граѓаните на Република Македонија во актуелниот политички миг, ставени се во позиција да избираат со чии цели да се поистоветат. Со оние на СДСМ или оние на ВМРО-ДПМНЕ, со целите на Никола Груевски или со целите на Зоран Заев. Иако се работи за наметната криза, а граѓаните се принудени да избират помеѓу овие две опции, последиците ќе имаат долгорочен ефект. Стручната јавност се бави со прашањето каква разрешница треба да има оваа состојба, политичка или правна. И оваа дилема е вештачки наметната, за ова пишував во претходниот текст: Што и Кој е Македонија? Но многу посуштински е долгорочниот аспект на оваа состојба, кој треба да одговори на прашањето за националните цели на македонскиот народ и кој треба нив да ги менаџира, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Успешноста во опстојувањето (управувањето) на секоја заедница, па со тоа и на македонскиот народ, зависи од три работи: 1/поставување на национални цели, 2/избор на менаџмент кој треба да ги оствари и 3/следбеници кои сакаат да ги следат националните цели. Националните цели на македонскиот народ се поставени пред 2 века, независна и суверена Македонија која овозможува просперитет и напредок на оние што живеат во неа. Многу генерации се обидувале да управуваат со нивното остварување, од Илинденците со Крушевската Република, преку борците во антифашистичката војна, па се до денешната генерација Македонци кои преку референдум ги поставија темелите на Македонската држава. Македонскиот народ ги следел или не своите лидери на овој пат само доколку им верувал дека работат на остварување на националните цели. Ова од причина што Македонците многу добро знаат кои се националните цели. Со создавањето на државата Македонскиот народ им го дава или одзема мандатот на политичките партии за водење на Македонската држава во зависност од тоа дали им верува дека работат на остварување на националните цели. Во сегашниот политички момент граѓаните се соочени со избор дали да ја подржат партијата што има мнозинска поддршка во Македонија или партијата што бара од меѓународната заедница да ја донесе на власт без разлика на волјата на мнозинството граѓани. Многу е симптоматично што западната меѓународна заедница избра политичка партија што нема поддршка од народот. Зошто преку ноќ таа го смени ставот и пофалбите за Македонија како најголем реформатор во регионот, бизнис рај за странските инвеститори и пример за успешна економска политика, се претворија во најжестоки критики за… искрено не знам за што, можеби затоа што државата се развива побрзо отколку тие сакаат, се потпира на свои сили, а граѓаните се задоволни и ја подржуваат демократски избраната власт? ИЛИ затоа што преку неа забрзано се остваруваат националните цели на Македонскиот народ? Ова последново е многу поверојатно ако знаеме што се од нив „добро“ доживел македонскиот народ. Затоа секој Македонец во овој политички момент прави избор слично како оној за Спартак , Јас сум…. коалицијата на ВМРО-ДПНЕ или Јас сум… коалицијата на СДСМ. Со изборот секој граѓанин дологорочно го одредува патот за иднината, првиот е власт за остварување на националните цели, преку своја држава заснована на потенцијалот на македонските граѓани или вториот е држава, зависна и со цели наметнати од други, кои многу наликуваат на македонското минато. Од денешното Јас сум ….. секој превзема одговорност и ја одредува иднината на Македонија.

Д-р Ристо Иванов

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin