Извинете господине Заев, ама нема да ви се извиниме!

sase milkovski17.05.2015 година

Вашиот последен чекор „барање за извинување“, согласно Закон за граѓанска одговорност поради клевета и навреда, јас лично како претседател на ОО ГРОМ од Струмица и ние членовите на Граѓанската опција за Македонија од Струмица го сфаќаме само како очајнички крик на градоначалник кој нема минимален демократски капацитет.

Господине Заев вие заборавате дека ние членовите на ГРОМ сме дел од градот Струмица  кои секојдневно се судираат со проблемите на живеењето во Општина која токму Вие ја менаџирате.

Она што уште еднаш бараме да ни одговорите е дали сте вие на видеото коешто го пренесоа сите македонски медиуми и пошироко меѓународните гласила. Во него се слушнаа и видоа многу компромитирачки моменти за начинот на кој вие барате пари/мито од бизнисмени и згора ги упатувате да ви ги дадат, вам, односно на вашиот брат Вице.

Господине градоначалниче , уште еднаш ве прашуваме кој е Вице Заев, дали е некој вработен во општината или е некоја институција каде што по редот на нештата треба да се носат парите. Тој не е ниту во одборот за изградба на цркавата, туку едноставно само член на кланот Заеви.

И конечно господине Заев. Не само што нема да ви се извиниме, туку напротив, бараме уште поголема одговорност за начинот на кој ја практикувате власта во нашиот град, што е крајно понижувачка и засрамувачка за секој чесен граѓанин на Струмица.

И сосема на крајот. Не ви се плашиме. Оној кој треба да се плаши и да се засрами сте вие, а не јас или членството на ГРОМ, само затоа што мислиме и делуваме различно од вас.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin