Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПОЛИЦИЈАТА – НА ВИСИНА НА СВОИТЕ ЗАДАЧИ

GROMГраѓанската опција за Македонија-ГРОМ изразува длабока почит кон припадниците на Минситерството за внатрешни работи  за успешно спроведената акција при вооружените судири во Куманово.

Само високо професионална полиција знае селективно да делува, да ги неутрализира терористите и максимално да ги заштити цивилите.

Припадниците на МВР покажаа дека се подготвени да ги ризикуваат и сопствените животи за да ги зачуваат  животите на цивилното население и соодветно да им се спротистават на т.н. „кучиња на војната“ односно платени терористички групи.

Со ова, МВР, како една од најбитните институции во државата кои се од нејзино витално значење, покажа висок степен на подготвеност да ја извршува својата функција утврдена со Уставот и со законите на Република Македонија.

Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ги осудува сите обиди за омаловажување на припадниците на полициските сили и за минимализирање на опасноста од загрозената безбедност на граѓаните.

Ги повикуваме сите политички чинители, без разлика дали се во власта или од опозицијата, или партиите на  етничките заедници, да се обединиме околу зачувувањето на суверенитетот, територијалнот интегритет и соживотот во Република Македонија, како највисоки  придобивки на државата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin