ГРОМ ПОВИКУВА НА КОНСТРУКТИВНОСТ ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

GROMГраѓанската опција за Македонија – ГРОМ изразува искрено и длабоко сочувство до семејствата на припадниците на полициските сили кои денес ги загубија животите во безбедносната криза која изби во Куманово.

ГРОМ дава безрезервна поддршка на безбедносните сили и државниот врв на Република Македонија во напорите да се справат со настанатата безбедносна ситуација и да се спречи нејзината натамошна ескалација.

ГРОМ ги повикува на разум и мудрост во своето политичко делување сите релевантни политички партии во земјата во овој исклучително сензитивен момент.

ГРОМ има доверба во институциите на државата и нивниот капацитет за успешно справување со овој безбедносен инцидент, а во интерес на стабилноста и безбедноста на животите на граѓаните на Република Македонија.

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ апелира на политичка зрелост на сите граѓани на земјата, во смисла на воздржување од поголеми собири кои евентуално може да се злоупотребат, а со цел што поскоро да се нормализираат состојбите.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin