Велигденски подарок од ФОЖ ГРОМ Карпош

11119864_10204789396559054_6690014093711316335_nФорумот на жени ГРОМ- Карпош им приредија радост на своите соседи и внесоа малку светлина во домовите на своите сограѓаните на кои тоа им е најпотребно. Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, за миг, ги стоплија срцата на осамените, изнемоштените и граѓаните во социјален ризик, подарувајќи им јајца, Велигденски боила и украси, со желба и на овие наши пријатели да им се овозможи да го направат Христијанскиот обичај на вапсување на Велигденски јајца.

Според Христијанското верување, јајцето е симбол на Исус Христос, а црвената боја, Исусовата крв, ја означува победата на животот над смртта. Форумот на жени ГРОМ-Карпош, на сите свои сограѓани и пријатели им посакува среќни Велигденски празници.

Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

За радост, за среќа, за многу години.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin